Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург, ќе говори за улогата на Европа во светот
    Република

    Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург, ќе говори за улогата на Европа во светот

    28/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Австрија, каде што учествува на 22. Европски самит во Салцбург.

    Според информациите од нејзиниот кабинет, таа ќе се обрати на сесијата посветена на темата „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, во рамки на годишниот собир што го организира Институтот на регионите на Европа.

    Годинашниот самит се одржува под мотото „Европа – суверен глобален играч?“, а во фокусот на дискусиите се безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските предизвици и процесот на проширување на Европската Унија.

    За време на престојот во Салцбург, Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер, како и со гувернерката на покраината Салцбург, Каролин Етстадлер. На агендата е и учество на Глобалниот семинар во Салцбург.

    Во пресрет на самитот, претседателката се сретна со припадници на македонската заедница во Халејн, каде неодамна беше формирана новата македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“.

    За време на средбата, таа разговараше со иселениците за Националната стратегија за дијаспора, Советот за дијаспора, измените во Изборниот законик и евроинтегративниот процес на државата.

    Македонските иселеници ја запознаа претседателката со нивниот живот и работа во Австрија, а изразија и благодарност до Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн, кој овозможил простории од Католичката црква да се користат за богослужби на македонската православна заедница.

    Поврзани вести:

    Акција на МВР и АНБ во Скопје: Приведени повеќе лица поради сомнеж за тероризам

    Акција на МВР и АНБ во Скопје: Приведени повеќе лица поради сомнеж за тероризам

    Почина уште еден пациент со западнонилска треска, седуммина остануваат хоспитализирани

    Почина уште еден пациент со западнонилска треска, седуммина остануваат хоспитализирани

    Променливо облачно време со сончеви периоди, температури до 26 степени

    Променливо облачно време со сончеви периоди, температури до 26 степени

    Земјотрес со јачина од 3,3 степени почувствуван во Преспанскиот регион

    Земјотрес со јачина од 3,3 степени почувствуван во Преспанскиот регион

    Двајца велешани измамиле 88-годишник во Струга, му одзеле 300.000 денари

    Двајца велешани измамиле 88-годишник во Струга, му одзеле 300.000 денари

    Француски државјанин приведен на скопскиот аеродром по барање на СВР Скопје

    Француски државјанин приведен на скопскиот аеродром по барање на СВР Скопје

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Акција на МВР и АНБ во Скопје: Приведени повеќе лица поради сомнеж за тероризам

    28/09/2026

    Почина уште еден пациент со западнонилска треска, седуммина остануваат хоспитализирани

    28/09/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, температури до 26 степени

    28/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.