Скопската полиција приведе 31-годишен маж под сомнение дека одзел детски четирицикл на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 септември околу 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б. (31) од Скопје, поради сомнение дека претходно извршил кражба на детски четирицикл.
Во рамки на преземените мерки, четирициклот бил пронајден и вратен на неговиот сопственик.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
