Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците каде што постои опасност од појава на одрони.
Како покритични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде поради конфигурацијата на теренот може да има одрони во клисурите, котлините и речните долини.
АМСМ потсетува и дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите возила со вкупна маса до 3,5 тона.
