Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера го лишиле од слобода 68-годишниот А.А. од селото Калаузлија, поради сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил предизвикан околу 12:30 часот на местото викано „Голема река“, при што биле зафатени нискостеблеста шума и сува трева.
На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.
Осомничениот бил приведен во 14:00 часот, а во Полициската станица Радовиш го признал делото.
За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против А.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
