Две малолетнички се повредени во незгода со електричен тротинет што се случила во дворно место на куќа во Гостивар, при што едната се здобила со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 22 септември во 12:50 часот во ОВР Гостивар.
Како што наведуваат од полицијата, 16-годишна девојка од Гостивар, управувајќи со електричен тротинет, изгубила контрола врз возилото и паднала.
Во незгодата тешко е повредена 14-годишната сопатничка, додека 16-годишната девојка се здобила со телесни повреди.
Двете малолетнички биле пренесени во болницата во Гостивар, каде што им биле констатирани повредите.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила незгодата.
