Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Гутереш со последен говор пред ОН: Светот мора да избере мир
    Свет

    Гутереш со последен говор пред ОН: Светот мора да избере мир

    22/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во своето последно обраќање пред Генералното собрание на ОН упати силен повик за прекин на вооружените конфликти, засилена борба против климатските промени, одговорен развој на вештачката интелигенција и темелни реформи на меѓународните институции.

    Говорот беше дел од завршницата на неговото десетгодишно раководење со светската организација, а неговиот втор петгодишен мандат завршува на 31 декември годинава.

    Осврнувајќи се на состојбите на Блискиот Исток и безбедноста на меѓународните поморски патишта, Гутереш повика на итна деескалација и дијалог.

    „Борбите мора да престанат. Хуманитарната помош мора непречено да пристигнува, а правата и слободата на пловидба мора целосно да бидат обновени во согласност со меѓународното право“, порача генералниот секретар.

    Неговото залагање за решение со две држави – Израел и Палестина, како и ставот дека најголемите загадувачи треба да ја преземат одговорноста за последиците од климатските промени, беа поздравени со аплауз од делегатите.

    Гутереш повторно предупреди и на ризиците од брзиот развој на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека земјите кои ја предводат технолошката револуција мора да соработуваат, да разменуваат информации за безбедносните ризици и да воспостават заеднички механизми за заштита.

    Тој повика на создавање глобална рамка за управување со вештачката интелигенција, заснована на меѓународна соработка, дополнителни безбедносни мерки и независен надзор.

    Во своето обраќање, Гутереш предупреди и дека сегашните глобални институции сè уште ги одразуваат политичките и геополитичките односи од минатото и дека се неопходни реформи за поефикасно справување со современите предизвици.

    На крајот од говорот, тој се збогуваше со светските лидери со кои соработуваше во изминатата деценија, истакнувајќи дека и по завршувањето на мандатот ќе продолжи да се залага за мир, меѓународна соработка и вредностите на Повелбата на Обединетите нации.

    На овогодинешното заседание на Генералното собрание во Њујорк учествуваат речиси 130 светски лидери, додека меѓу отсутните се претставници на неколку големи држави, меѓу кои Кина, Индија, Јужна Африка и Германија.

    Поврзани вести:

    САД, Данска и Гренланд потпишаа историски безбедносен договор

    САД, Данска и Гренланд потпишаа историски безбедносен договор

    Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

    Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

    Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени

    Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени

    Градоначалникот Зохран Мамдани кажа дека Нетанјаху е воен злосторник, но нема начин како да го уапси во Њујорк

    Градоначалникот Зохран Мамдани кажа дека Нетанјаху е воен злосторник, но нема начин како да го уапси во Њујорк

    Вештачката интелегенција една од главните теми на средбата Трамп – Си

    Вештачката интелегенција една од главните теми на средбата Трамп – Си

    Двајца загинаа, 50.000 домови без струја, силен тајфун ја погоди Јапонија

    Двајца загинаа, 50.000 домови без струја, силен тајфун ја погоди Јапонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    САД, Данска и Гренланд потпишаа историски безбедносен договор

    22/09/2026

    Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

    22/09/2026

    Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.