Триесет и тригодишен жител на тетовското село Сараќино е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил под дејство на алкохол.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведувањето се случило вчера во 2:40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, при редовна сообраќајна контрола спроведена од полициски службеници од СВР Тетово.
При контролата било запрено патничко возило „рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (33) од село Сараќино.
По извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал 2,02 промили алкохол во организмот.
Возилото му било одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
