Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»ЕУ го одложи целосното воведување на новите биометриски проверки: Девет земји од Шенген бараат повеќе време
    Свет

    ЕУ го одложи целосното воведување на новите биометриски проверки: Девет земји од Шенген бараат повеќе време

    15/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најмалку девет држави од Шенген-зоната, меѓу кои Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија, во координација со институциите на Европската Унија го одложија целосното спроведување на новиот Европски систем за влез и излез (EES), поради технички проблеми и оперативни предизвици.

    Системот EES беше пуштен во употреба во октомври 2025 година, по неколкугодишни одложувања, со цел да ја модернизира граничната контрола во Шенген-зоната. Планот беше тој целосно да профункционира до април оваа година.

    Според правилата, сите државјани на земји кои не се членки на Европската Унија при секое влегување и излегување од Шенген-зоната треба да достават биометриски податоци, односно скенирање на лицето и отпечатоци од прсти. Сепак, начинот на примена се разликува од држава до држава.

    Некои земји, како Шведска и Португалија, веќе овозможуваат претходно доставување на биометриските информации преку мобилни апликации. Сите национални системи треба да бидат поврзани со централниот информатички портал на европската агенција eu-LISA, која управува со базата на податоци.

    При првото влегување на патникот во Шенген-зоната, податоците од пасошот и биометриските информации се испраќаат до централниот систем, каде што се формира личен електронски запис. При секое наредно патување тие податоци треба автоматски да се споредуваат со новите биометриски проверки.

    Сепак, токму во оваа фаза се појавиле сериозни технички проблеми. Во дел од државите биометриските податоци воопшто не се испраќаат до централниот систем поради софтверски грешки, додека во други граничните служби не можат да пристапат до веќе постојните записи, па целата постапка мора повторно да се спроведува.

    Поради овие дефекти, современата опрема за биометриска идентификација, во која се инвестирани милиони евра, останува неискористена на бројни аеродроми и гранични премини.

    Европската Унија претходно овозможи преоден период од 150 дена, во кој земјите можеа привремено да ги суспендираат проверките доколку дојде до големи метежи на границите. Иако тој рок истече на 6 септември, најмалку девет држави официјално ја известиле Европската комисија дека нема целосно да го применуваат системот сè додека не се отстранат техничките проблеми.

    Според европски извори, Брисел неформално се согласил да дозволи продолжување на ваквата практика без утврден нов краен рок, со цел да се избегнат дополнителни застои на граничните премини.

    Одложувањето следува по силен притисок од аеродромските оператори, пристаништата и авиокомпаниите, кои предупредија дека нефункционален систем може сериозно да го наруши воздушниот сообраќај.

    Од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) оценија дека веќе се забележуваат оперативни проблеми, нестабилност и технички дефекти на повеќе европски аеродроми, предупредувајќи дека без дополнителна флексибилност може да дојде до значителни доцнења и нарушување на патничкиот сообраќај.

    Поврзани вести:

    Украина: Русија испратила над 5.200 дронови врз Херсон за една недела

    Украина: Русија испратила над 5.200 дронови врз Херсон за една недела

    Федерален судија го блокираше ограничувањето на Трамп за визи на студенти и новинари

    Федерален судија го блокираше ограничувањето на Трамп за визи на студенти и новинари

    Зеленски го суспендира главниот обвинител, кој ден претходно ја напуштил Украина

    Зеленски го суспендира главниот обвинител, кој ден претходно ја напуштил Украина

    Србија влезе во изборна треска – гласањето е на 27 октомври

    Србија влезе во изборна треска – гласањето е на 27 октомври

    Беким Сејдиу се повлече од кандидатурата за претседател на Косово

    Беким Сејдиу се повлече од кандидатурата за претседател на Косово

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Украина: Русија испратила над 5.200 дронови врз Херсон за една недела

    15/09/2026

    Федерален судија го блокираше ограничувањето на Трамп за визи на студенти и новинари

    15/09/2026

    Зеленски го суспендира главниот обвинител, кој ден претходно ја напуштил Украина

    15/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.