Жителите на неколку улици во Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект во водоводната мрежа, информираат надлежните служби.
Прекинот во водоснабдувањето започнува од 9:00 часот и ќе ги опфати корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14“, како и Амбулантата Бит Пазар.
Од надлежните информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата и санирањето на дефектот.
Воедно, Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, најави и планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Без струја, во периодот од 9:00 до 14:00 часот, ќе останат корисниците на улицата 6 во населбата Бардовци, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
