Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Удрил полицаец, а од полициското возило се обидел да избега, МВР откри детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
    Хроника

    Удрил полицаец, а од полициското возило се обидел да избега, МВР откри детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито

    12/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Помошник-директор во Царинската управа на Република Северна Македонија е лишен од слобода и кривично пријавен поради сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, информира Министерството за внатрешни работи.

    Станува збор за Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, кој на 10 септември 2026 година бил приведен во близина на клучката Желино, на автопатот Скопје–Тетово, во акција спроведена од полициски службеници под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    Според пријавата поднесена од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги, осомничениот во периодот од април до септември 2026 година во повеќе наврати побарал вкупно 17.500 евра од лице кое го пријавило случајот.

    Од сумата, 7.500 евра, според сознанијата на истрагата, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без опасност од негово раскинување.

    Дополнително, осомничениот побарал уште 10.000 евра за наводно користење на своето реално влијание во постапка за јавна набавка која се наоѓала пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Според пријавата, неговата намера била, доколку постапката биде вратена на повторно одлучување во Царинската управа, да влијае врз изменување на критериумите во техничката спецификација во корист на одредено правно лице.

    На договорената средба на 10 септември, Џ.И. наводно ги примил 17.500 евра, по што се упатил кон Тетово. При обид на полицијата да го запре во близина на клучката Желино, тој не застанал, туку со возилото удрил полициски службеник и службено возило, по што продолжил со бегство.

    При бегството, преку прозорецот од совозачката страна исфрлил машка ташна во која биле парите. По кратко време, полициските службеници го сопреле возилото и го лишиле од слобода.

    Од МВР информираат дека против него е поднесена кривична пријава за кривичните дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, согласно Кривичниот законик.

    Поврзани вести:

    Афера „возачки дозволи“: Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории

    Афера „возачки дозволи“: Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории

    Татко и син загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Илинден

    Татко и син загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Илинден

    Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар, има загинати

    Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар, има загинати

    Кривична пријава за две лица по убиството во Дуќанџик, пукале од мотоцикл кон група луѓе

    Кривична пријава за две лица по убиството во Дуќанџик, пукале од мотоцикл кон група луѓе

    Пожар во Шуто Оризари локализиран, изгореа неколку дуќани во монтажен објект

    Пожар во Шуто Оризари локализиран, изгореа неколку дуќани во монтажен објект

    Помошник-директор во Царина приведен поради сомнение за примање мито

    Помошник-директор во Царина приведен поради сомнение за примање мито

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Афера „возачки дозволи“: Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории

    12/09/2026

    Татко и син загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Илинден

    12/09/2026

    Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар, има загинати

    12/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.