Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ
    Економија

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    11/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претставниците на превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора одлучија да не го реализираат најавениот протест на 14 септември 2026 година, кој требаше да вклучува затворање на граничните премини кон земјите од Европската Унија.

    Одлуката е донесена по средбата со претставници на дел од државите членки на Шенген зоната, организирана преку Мисијата на Европската Унија со седиште во Белград, соопшти Асоцијацијата Макам-транс.

    Од асоцијацијата посочуваат дека со овој чекор превозниците покажале добра волја и разбирање за можните последици што би ги предизвикал прекинот на транспортот и снабдувањето со стока меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

    Воедно, тие изразиле доверба во ветувањата дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање решение за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната, кој во моментов е ограничен на правилото 90/180 дена.

    Според Макам-транс, очекувањата се дека ова прашање ќе биде решено до усвојувањето на новата визна стратегија, што се планира во втората половина на 2027 година.

    „Сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период“, информираа од Макам-транс.

    Превозниците од регионот на 1 септември организираа предупредувачки протест, барајќи трајно решение за ограничувањата со кои се соочуваат професионалните возачи при престојот во земјите од Шенген зоната.

    Поврзани вести:

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Европа го препозна успехот: Дајмонд Мол награден со две престижни признанија

    Европа го препозна успехот: Дајмонд Мол награден со две престижни признанија

    Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции

    Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    12/09/2026

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    12/09/2026

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    12/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.