Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневната температура ќе достигне од 30 до 35 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност. Во одредени делови од Скопската Котлина постојат услови за развој на нестабилна облачност, која локално може да донесе краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура во главниот град ќе биде околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Според најавите на метеоролозите, за време на викендот следува промена на временските услови поради влијание на циклонска активност. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Локално се очекуваат поројни и пообилни врнежи, над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен северен ветер со брзина над 40 километри на час.
Од сабота дневните температури ќе бидат во опаѓање, а по викендот до средината на следната недела се очекува релативно стабилно и посвежо време.
