Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»25 години од 11 Септември: Денот што засекогаш го промени светот
    Свет

    25 години од 11 Септември: Денот што засекогаш го промени светот

    11/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 септември 2001 година, светот и натаму ги чувствува последиците од еден од најтрагичните настани во поновата историја. Нападите врз САД не само што однесоа речиси три илјади животи, туку предизвикаа длабоки безбедносни, политички и стратешки промени на глобално ниво.

    По нападите, САД ја променија својата воена доктрина и ја започнаа таканаречената Глобална војна против тероризмот. Во октомври 2001 година започна воената интервенција во Авганистан, а во 2003 година следуваше и инвазијата врз Ирак, врз основа на политиката на превентивни воени дејствија.

    Нападите доведоа и до историска одлука на НАТО. За првпат од формирањето на Алијансата беше активиран членот 5 од Северноатлантскиот договор, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. На 4 октомври 2001 година оваа одлука стана оперативна, отворајќи пат за заедничко дејствување на сојузниците против тероризмот.

    На 11 септември 2001 година, 19 припадници на терористичката организација Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони и извршија координирани самоубиствени напади. Во трагедијата загинаа 2.996 лица, меѓу кои и 19-те киднапери, а жртви имаше од повеќе од 90 држави.

    Два од авионите удрија во Кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Првиот удар се случи во 8:46 часот по локално време, кога Боинг 767 на „Американ ерлајнс“ ја погоди Северната кула, предизвикувајќи голем пожар.

    Само 17 минути подоцна, втор авион на „Јунајтед ерлајнс“ удри во Јужната кула. По вториот удар стана јасно дека станува збор за координиран терористички напад.

    Во 9:37 часот трет киднапиран авион удри во Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на САД, предизвикувајќи голема материјална штета и човечки жртви.

    Четвртиот авион, кој според истрагата најверојатно бил насочен кон Белата куќа или Капитол, никогаш не ја достигна целта. Патниците и членовите на екипажот им се спротивставија на киднаперите, по што авионот се урна во близина на Шенксвил, Пенсилванија.

    Нападите од 11 септември остануваат најсмртоносниот терористички чин во историјата и настан што трајно го промени начинот на кој државите гледаат на безбедноста, борбата против тероризмот и меѓународната соработка.

    Поврзани вести:

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    Трамп со интересен одговор на прашање дали доаѓа крајот на светот поради вештачката интелигенција

    Трамп со интересен одговор на прашање дали доаѓа крајот на светот поради вештачката интелигенција

    Речиси четири тони кокаин запленети во Франција, вредноста се проценува на 225 милиони евра

    Речиси четири тони кокаин запленети во Франција, вредноста се проценува на 225 милиони евра

    Спасувачите по 40 часа влегоа во траектот, 84 лица сè уште се исчезнати

    Спасувачите по 40 часа влегоа во траектот, 84 лица сè уште се исчезнати

    Повеќе загинати во тешка автобуска несреќа во Швајцарија

    Повеќе загинати во тешка автобуска несреќа во Швајцарија

    Обвинителството бара шест години затвор за Хашим Тачи за попречување на правдата

    Обвинителството бара шест години затвор за Хашим Тачи за попречување на правдата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    11/09/2026

    Трамп со интересен одговор на прашање дали доаѓа крајот на светот поради вештачката интелигенција

    11/09/2026

    Речиси четири тони кокаин запленети во Франција, вредноста се проценува на 225 милиони евра

    11/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.