Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен од предупредувањата дека вештачката интелигенција би можела да претставува закана за опстанокот на човештвото.
Неговата изјава доаѓа по сè почестите предупредувања од дел од експертите за вештачка интелигенција, кои сметаат дека неконтролираниот развој на оваа технологија во иднина би можел да создаде сериозни ризици за човечкиот род, пренесува „Ројтерс“.
На прашањето дали стравува од такво сценарио, Трамп кусо одговори:
„Не, немам никакви грижи.“
Истовремено, тој нагласи дека Соединетите Американски Држави мора да останат лидер во развојот на вештачката интелигенција.
„Би биле во многу лоша положба доколку не победиме во трката за развој на вештачката интелигенција“, изјави Трамп.
Изјавата ја даде на аеродромот во Далас, веднаш по неговото обраќање на републиканската конвенција посветена на изборите на средината на претседателскиот мандат.
