Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Поделба на бодовите на дуелите помеѓу ПСВ и Шахтјор односно Фенербахче и Рома
    Спорт

    Поделба на бодовите на дуелите помеѓу ПСВ и Шахтјор односно Фенербахче и Рома

    10/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Двата воведни натпревари од денешната програма во 1. коло од Лигата на шампионите завршија со идентичен резултат 1:1, откако бодовите ги поделија ПСВ Ајндховен и Шахтјор Доњецк, како и Фенербахче и Рома.

    Во Ајндховен, Шахтјор прв стигна до водство и тоа во судиското продолжение од првото полувреме. Мендоза во првата минута од надополнувањето ја затресе мрежата на домаќините и му донесе предност на украинскиот тим.

    ПСВ возврати веднаш по паузата. Во 48. минута Сержињо Дест постигна гол за израмнување и го врати холандскиот состав во натпреварот.

    Домашниот тим во продолжението имаше можност за целосен пресврт, но ударот на Ван Бомел заврши покрај голот. До крајот двете екипи не успеаја да го променат резултатот.

    Реми со 1:1 беше забележано и во Истанбул, каде што Фенербахче одигра нерешено против Рома.

    Римскиот тим поведе во 39. минута преку Кристанте, кој реализираше по асистенција од Мален. Претходно, Пауло Дибала пропушти одлична можност за погодок.

    Фенербахче се врати во игра веднаш на почетокот на второто полувреме. Во 48. минута Браун погоди по одлично додавање од Гринвуд за конечни 1:1.

    Турскиот тим во финишот беше поблиску до победата, а најдобрата прилика ја имаше Аке во 86. минута, кога неговиот удар заврши во пречката.

    Поврзани вести:

    Вардар се врати во Лигата на шампионите со пораз, Мелсунген славеше во драматичен меч

    Вардар се врати во Лигата на шампионите со пораз, Мелсунген славеше во драматичен меч

    Вардар доби парична казна и забрана за публика на еден меч

    Вардар доби парична казна и забрана за публика на еден меч

    (Видео) Прв гол во сезоната: Миовски донесе победа во судиското продолжение

    (Видео) Прв гол во сезоната: Миовски донесе победа во судиското продолжение

    ПСЖ блескаше со шест гола, Ливерпул и Арсенал победнички ја отворија ЛШ

    ПСЖ блескаше со шест гола, Ливерпул и Арсенал победнички ја отворија ЛШ

    Светскиот одбојкарски вицешампион Бугарија пресилен за Македонија на отворањето на ЕП

    Светскиот одбојкарски вицешампион Бугарија пресилен за Македонија на отворањето на ЕП

    Меси со 17. номинација за „Златната топка“, Роналдо првпат надвор од листата

    Меси со 17. номинација за „Златната топка“, Роналдо првпат надвор од листата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вардар се врати во Лигата на шампионите со пораз, Мелсунген славеше во драматичен меч

    10/09/2026

    Вардар доби парична казна и забрана за публика на еден меч

    10/09/2026

    (Видео) Прв гол во сезоната: Миовски донесе победа во судиското продолжение

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.