Најмалку 25 лица загинаа во пожар што избувна на товарен брод под странско знаме, кој бил закотвен во пристаниште во источна Кина, јавуваат кинеските државни медиуми.
Според информациите на државниот сервис ЦЦТВ, на бродот во моментот на несреќата имало 42 лица. Од нив, 17 биле евакуирани, а петмина се пренесени во болница и се наоѓаат во стабилна состојба.
Пожарот избувнал околу 11:15 часот по локално време додека бродот бил на ремонт во бродоградилиште во градот Кингдао. Огнената стихија била ставена под контрола нешто повеќе од три часа подоцна.
Според објавените фотографии, станува збор за товарниот брод „Оушн Мелоди“, кој плови под либериско знаме. Бродот е долг околу 190 метри и во пристаништето Кингдао пристигнал на 31 август, покажуваат податоците од платформата „Марин Трафик“.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Очевидци изјавиле дека од бродот се издигал густ чад, но не слушнале експлозии.
По трагедијата, кинескиот претседател Си Џинпинг побара максимални напори за спасување и целосно расчистување на случајот, додека премиерот Ли Ќијанг повика на преземање мерки за спречување на дополнителни несреќи.
Пожарот доаѓа помалку од еден месец по експлозијата во бродоградилиште во покраината Фуџијан, во која загина еден спасувач, а 12 лица беа повредени.
20 people are dead and 5 remain missing after a foreign-flagged cargo ship caught fire during repairs at Qingdao Beihai Shipbuilding in China on Sept 10. Of the 42 people aboard, 12 evacuated safely and 5 were hospitalized with injuries. All 5 are in stable condition. https://t.co/yWjNTSW59X pic.twitter.com/FNTpETFvuv
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) September 10, 2026
