Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги одреди казните за фудбалерите, тренерите, официјалните лица, но и за клубовите, кои имаат сторено прекршок.
Актуелниот шампион Вардар заработи казна од 3.000 евра и забрана за присуство на публика на еден меч, поради инцидентите на првенствениот дуел против Арсими во понеделникот.
Како што се вели во одлуката на дисциплинците, Вардар се казнува поради слаба организација, нереди и прекин на мечот против Арсими.
Во продолжение сите одлуки на Дисциплинската комисија при ФФМ:
Дисциплинската комисија ги разгледа пријавите и извештаите од одиграните натпревари во МФЛ и донесе повеќе одлуки за дисциплински мерки кон фудбалери, тренери и официјални лица.
На фудбалерите на ФК Башкими 1947, Габриел Тенелеп му е изречена забрана за настап на тринатпревари, додека на Биљал Исени и Бесјан Алију им е изречена забрана за настап на по два натпревари.
На фудбалерот на ФК Брегалница 2008, Методи Максимов, му е изречена забрана за настап на еденнатпревар.
На фудбалерот на ФК Шкендија Арачиново, Енис Фазлагиќ, му е изречена забрана за настап на дванатпревари.
На тренерот на ФК Шкупи 1927, Исмаил Ферди, му е изречена забрана за вршење функција на дванатпревари, додека на Иван Варадиноски му е изречена забрана за вршење функција во траење од еденмесец.
На фудбалерот на ФК Македонија ЃП 1932, Омер Сулејмани, му е изречена забрана за настап на еденнатпревар.
Воедно, Дисциплинската комисија поведе дисциплинска постапка против Дурим Хида,поради недолично однесување на натпреварот ФК Скопје – ФК Башкими 1947.
Дисциплинска постапка е поведена и против претставникот на ФК Башкими 1947, Ергин Шерифи, поради вербална расправија и недолично однесување со судиите на истиот натпревар.
На комет администраторот на ФК Башкими 1947, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функција во траење од еденмесец.
На фудбалерот на ФК Шкендија, Ислами Дрилон, му е изречена забрана за настап на еденнатпревар.
На фудбалерот на ФК Детонит Плачковица, Рифадов Асан, му е изречена забрана за настап на дванатпревари, додека на фудбалерот на ФК Влазними Јуниор, Мемедоски Бујамин, му е изречена забрана за настап на дванатпревари.
Поради слаба организација, нереди и прекин на натпреварот ФК Вардар – ФК Аресими, на ФК Вардар му е изречена парична казна во висина од 3.000 евра, како и мерка забрана за присуство на публика на еден домашен натпревар.
