Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Вознемирувачко видео од Радика: Маж фрла вреќи со ѓубре директно во реката
    Република

    Вознемирувачко видео од Радика: Маж фрла вреќи со ѓубре директно во реката

    09/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Дебарското спортско риболовно друштво „Трофта“ објави вознемирувачко видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како несовесен граѓанин фрла поголема количина отпад директно во реката Радика.

    Според снимката, маж со комби возило застанува на мостот кај каменоломот во Косоврасти, по што од возилото вади вреќи и кутии полни со отпад и без двоумење ги фрла во реката. Потоа го напушта местото на настанот.

    Од спортското риболовно друштво остро го осудија ваквото однесување, посочувајќи дека Радика е една од најчистите и најубавите реки во Македонија и дека ваквите постапки претставуваат директно уништување на природата.

    „Срамно! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е ‘ништо страшно’ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре“, порачаа од „Трофта“.

    Од друштвото упатија апел до граѓаните за поголема грижа кон животната средина и порачаа дека природните богатства мора да се зачуваат за идните генерации.

    „Да го заштитиме она што природата ни го дарувала“, порачуваат од дебарското спортско риболовно друштво.

    Поврзани вести:

    МВР, Министерството за здравство и UNODC ќе ја зајакнуваат борбата против дрогата

    МВР, Министерството за здравство и UNODC ќе ја зајакнуваат борбата против дрогата

    ЦУК: Активни три пожари на отворен простор, изгаснати 24 жаришта

    ЦУК: Активни три пожари на отворен простор, изгаснати 24 жаришта

    Најмногу заболени од западнонилска треска во Скопје, сите пациенти се мажи над 60 години

    Најмногу заболени од западнонилска треска во Скопје, сите пациенти се мажи над 60 години

    Денеска сончево и до 35 степени, попладне можни дожд и грмежи

    Денеска сончево и до 35 степени, попладне можни дожд и грмежи

    Физички нападнат припадник на Шумска полиција во Карбинци

    Физички нападнат припадник на Шумска полиција во Карбинци

    Од сабота „Безбеден град“ стартува и во Велес

    Од сабота „Безбеден град“ стартува и во Велес

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МВР, Министерството за здравство и UNODC ќе ја зајакнуваат борбата против дрогата

    10/09/2026

    ЦУК: Активни три пожари на отворен простор, изгаснати 24 жаришта

    10/09/2026

    Најмногу заболени од западнонилска треска во Скопје, сите пациенти се мажи над 60 години

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.