Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Меси со 17. номинација за „Златната топка“, Роналдо првпат надвор од листата
    Спорт

    Меси со 17. номинација за „Златната топка“, Роналдо првпат надвор од листата

    08/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Лионел Меси ја доби својата 17. номинација за престижната награда „Златна топка“, додека Кристијано Роналдо за првпат по многу години не се најде меѓу 30-те кандидати за најдобар фудбалер во светот.

    На објавената листа најмногу фудбалери има Пари Сен Жермен. Францускиот и европски шампион е застапен со дури десет номинирани играчи, предводени од актуелниот освојувач на наградата Усман Дембеле.

    Покрај Дембеле, меѓу кандидатите од редовите на ПСЖ се Витиња, Хвича Кварацхелија, Ашраф Хакими, Маркињос, Нуно Мендеш, Жоао Невеш, Вилијан Пачо, Фабијан Руиз и Феран Торес.

    Реал Мадрид има четворица претставници – Килијан Мбапе, Винисиус Јуниор, Џуд Белингем и Марк Кукуреља. Во трката се и Хари Кејн од Баерн Минхен, кој имаше импресивна сезона со 73 гола за клубот и репрезентацијата, како и младите ѕвезди Ламин Јамал и Пау Кубарси од Барселона.

    Меѓу номинираните е и Родри, кој летово го напушти Манчестер Сити и се пресели во Барселона.

    Церемонијата за доделување на „Златната топка“ оваа година ќе се одржи надвор од Париз, а најдобриот фудбалер ќе биде прогласен на 26 октомври во Лондон.

    Во женска конкуренција нема да има одбрана на титулата, бидејќи повредата ја спречи Аитана Бонмати да се бори за четврто последователно признание.

    Барселона повторно има силно присуство со Ева Пајор, Патри Гихаро, Каролин Греам Хансен и Клаудија Пина. Меѓу кандидатките е и поранешната победничка Алексија Путељас, која по трансферот во Лондон Сити Лајонесес повторно е во конкуренција.

    Олимпик Лион ги има Мелчи Диморнеј и Венди Ренар, додека меѓу фаворитките се и Кадиџа Шо од Манчестер Сити и Пернил Хардер од Баерн Минхен.

    За наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер, актуелниот двократен освојувач Ламин Јамал повторно е еден од главните фаворити.

    Негова конкуренција ќе биде соиграчот од Барселона, Пау Кубарси, а меѓу кандидатите се и Јан Диоманде од Реал Мадрид, Ајуб Буади од Манчестер Сити, Жуниор Крупи од Борнмут и Ворен Заир-Емери од ПСЖ.

    Кај младите фудбалерки, ланската победничка Вики Лопез од Барселона ќе се бори за ново признание против Клара Серајорди, Вирле Бурман од Челси, Фелисија Шредер од Реал Мадрид и Лили Јоханес од Олимпик Лион.

    Поврзани вести:

    Реал Мадрид го совлада Интер, Халанд блесна за Сити на стартот од Лигата на шампионите

    Реал Мадрид го совлада Интер, Халанд блесна за Сити на стартот од Лигата на шампионите

    Им дотураат кислород преку црева, продолжува битката за спасување на затрупани луѓе под урнатините во Непал

    Им дотураат кислород преку црева, продолжува битката за спасување на затрупани луѓе под урнатините во Непал

    Астон Вила со победа стартуваше во Лигата на шампионите, АЕК минимално славеше против ЛАСК

    Астон Вила со победа стартуваше во Лигата на шампионите, АЕК минимално славеше против ЛАСК

    Дембеле откри кој според него треба да ја освои „Златната топка“ – изборот изненади многумина

    Дембеле откри кој според него треба да ја освои „Златната топка“ – изборот изненади многумина

    Македонија против Бугарија пред полни трибини на стартот од Европското првенство во одбојка

    Македонија против Бугарија пред полни трибини на стартот од Европското првенство во одбојка

    Вардар го победи Арсими, но протестот на „Комитите“ ја засени победата

    Вардар го победи Арсими, но протестот на „Комитите“ ја засени победата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Реал Мадрид го совлада Интер, Халанд блесна за Сити на стартот од Лигата на шампионите

    08/09/2026

    Им дотураат кислород преку црева, продолжува битката за спасување на затрупани луѓе под урнатините во Непал

    08/09/2026

    Астон Вила со победа стартуваше во Лигата на шампионите, АЕК минимално славеше против ЛАСК

    08/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.