Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»По слетувањето во Загреб уапсен 65-годишен Македонец по пријава од малолетничка дека ја пипкал
    Република

    По слетувањето во Загреб уапсен 65-годишен Македонец по пријава од малолетничка дека ја пипкал

    08/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Шеесет и петгодишен државјанин на Македонија бил уапсен по слетувањето на меѓународен лет кон аеродромот во Загреб, под сомнение за сексуално злоставување на малолетно девојче.

    Според информациите од хрватските медиуми, инцидентот се случил за време на летот, а случајот бил откриен откако 15-годишна девојка, која патувала сама, побарала помош од член на кабинскиот екипаж.

    Девојчето ѝ го дало својот мобилен телефон на стјуардесата со порака на екранот: „Преплашена сум од овој човек; можете ли некако да ми помогнете?“.

    Стјуардесата, без да предизвика дополнителна реакција кај патникот кој седел до девојчето, ја одвела малолетничката во пилотската кабина. Таму таа објаснила дека постар маж кој седел до неа набрзо по полетувањето наводно започнал со несоодветно допирање, при што се претставил дека ѝ помага околу безбедносниот појас.

    По добиените информации, од кабината веднаш била известена контролата на летање на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб. По слетувањето, осомничениот бил пречекан од полициски службеници и одведен на разговор.

    Мажот ги негирал наводите и изјавил дека не ја допрел девојката, туку само ѝ помогнал со појасот, кој таа потоа сама го закопчала.

    Сепак, случајот продолжил како кривична истрага. Осомничениот бил однесен во криминалистичка полиција, потоа во надлежното обвинителство и пред суд, по што му била одредена мерка притвор и бил спроведен во затворот „Реметинец“.

    Надлежните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

    Поврзани вести:

    Физички нападнат припадник на Шумска полиција во Карбинци

    Физички нападнат припадник на Шумска полиција во Карбинци

    Од сабота „Безбеден град“ стартува и во Велес

    Од сабота „Безбеден град“ стартува и во Велес

    Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами

    Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами

    Перпарим Бајрами се предаде на полицијата, поранешниот директор на Лотарија ставен во постапка

    Перпарим Бајрами се предаде на полицијата, поранешниот директор на Лотарија ставен во постапка

    Дејвид Гета приреди спектакл во Скопје за 35 години независност на Македонија

    Дејвид Гета приреди спектакл во Скопје за 35 години независност на Македонија

    Сончево и до 35 степени, попладне можни невреме, град и поројни дождови

    Сончево и до 35 степени, попладне можни невреме, град и поројни дождови

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Физички нападнат припадник на Шумска полиција во Карбинци

    09/09/2026

    Од сабота „Безбеден град“ стартува и во Велес

    09/09/2026

    Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами

    09/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.