Дваесет и деветгодишен жител на Охрид е тешко повреден откако изгубил контрола над електричен тротинет и паднал на коловозот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 7 септември околу 23:30 часот на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид.
Во СВР Охрид било пријавено дека Ј.Т. (29) од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
По несреќата, тој бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
При увидот и преземањето на мерки од страна на полициските службеници било утврдено дека возачот го управувал тротинетот под дејство на алкохол. Кај него било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
