Четириесет и осумгодишен жител на Скопје е повреден со огнено оружје во близина на влезот во селото Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 8 септември околу 1:50 часот во СВР Скопје било пријавено од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ дека кај нив со прострелни повреди бил донесен А.М. (48) од Скопје.
Според пријавеното, инцидентот се случил на влезот во Арачиново, каде што од возило едно лице, кое му било познато на повредениот, а било во придружба на уште едно лице, пукало кон него со огнено оружје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со вооружениот напад.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
