Семејна расправија со физички напад била пријавена синоќа во Крива Паланка, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, во 23:02 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека околу 22:10 часот, во семејниот дом, 24-годишен жител на градот бил физички нападнат од неговиот малолетен полубрат.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
