Четириесет и осумгодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својот син и снаата во семејниот дом, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 5 септември во 14:20 часот во СВР Куманово. Жената навела дека околу 12 часот, во куќата во која живеат, физички ја нападнале нејзиниот 26-годишен син М.Џ. и неговата сопруга Б.Р., двајцата од Куманово.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
