Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за вкупно 720.000 денари во периодот од 18 јануари до крајот на февруари годинава.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 18:00 часот во СВР Скопје.
Според пријавата, лицето со иницијали А.„Н“ од него побарало пари, тврдејќи дека му се потребни за лекување на неговиот син во странство. Подоцна, истото лице побарало дополнителни средства со образложение дека треба да регулира долг за вода.
Пријавителот навел дека на тој начин бил оштетен за вкупно 720.000 денари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
