Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а максималните од 31 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а температурата ќе достигне до 37 степени.
До средината на следната работна седмица се очекува претежно сончево и топло време со слаба до умерена облачност.
Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието на места ќе надминува 40 километри на час.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
