Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека не може да даде временска рамка за завршување на конфликтот со Иран, ниту да каже кога цените на бензинот ќе се вратат на нивото од пред војната.
Венс тврди дека во моментов „нема активно пукање“, иако САД и Иран оваа недела три дена по ред разменија напади, вклучително и во регионот на Ормутскиот Теснец.
Според најновите податоци на Пентагон, од почетокот на конфликтот загинале 18 американски војници, а 790 биле ранети.
Американските сили неделава погодија речиси 60 ирански воени цели околу Ормутскиот Теснец, а официјални лица најавуваат дека ваквите операции ќе продолжат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
