На територијата на Скопје се уште активен е пожарот кај селото Грачани во Општина Ѓорче Петров, кој пред два дена од Косово се прошири на македонска територија, информираше Стојанче Ангелов.
Пожарот не загрозува населени места, а гори претежно трева, грмушки и ниски смреки, додека на одредени места огнот се движи и низ мешовита шума.
Синоќа ветерот го носел чадот кон Скопје, поради што тој се чувствувал во повеќе скопски населби, а гаснењето било отежнато поради тешко пристапниот терен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
