Уште едно лице почина како последица на западнонилска треска, со што бројот на жртви во Македонија се искачи на седум.
Станува збор за 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал повеќе коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран од сите досегашни пациенти – повеќе од 38 дена.
Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека сите седуммина починати досега се мажи.
Воедно, во изминатите три дена е регистриран и еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Станува збор за лице од населбата Радишани.
Според последните информации, бројот на хоспитализирани пациенти останува 19.
Здравствените власти повторно апелираат до граѓаните да не задржуваат застоена вода во дворовите, терасите и околината на домовите, бидејќи таа претставува погодно место за размножување на комарците, кои се преносители на вирусот.
