Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Над 1.000 загинати во катастрофалните поплави во Непал, илјадници исчезнати – стотици работници заробени во тунели
    Свет

    Над 1.000 загинати во катастрофалните поплави во Непал, илјадници исчезнати – стотици работници заробени во тунели

    01/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодија Непал, во близина на границата со Тибет, надмина 1.000 лица, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи, пренесува Би-Би-Си.

    Според официјалните информации, повеќе од 3.900 лица сè уште се водат како исчезнати. Меѓу нив има над 600 работници за кои се претпоставува дека останале заробени во тунелите исполнети со кал на хидроцентрала покрај реката Тришули.

    Спасувачките екипи продолжуваат со напорите да стигнат до заробените. Во тунелите се пумпа воздух за да се создадат услови за евентуално преживеаните, но семејствата на исчезнатите реагираат дека оваа мерка требало да биде преземена многу порано.

    Еден спасувачки тим успеал да влезе во дел од тунелите, но не пронашол преживеани и поради опасните услови бил принуден да се повлече.

    „Сакам да го најдеме. Сакам да можеше да се врати дома“, изјави Анушила Бандари, сопруга на 33-годишен инженер кој исчезнал во катастрофата.

    Непалскиот премиер Балендра Шах соопшти дека досега од погодените подрачја се спасени 279 лица. Во спасувачката операција учествуваат припадници на армиите на Непал и Кина, како и експерти од Индија, Јужна Кореја и Австралија.

    Семејствата на заробените не ја губат надежта.

    „Сè уште имам надеж дека е жив бидејќи внатре има систем за снабдување со кислород“, изјави Сита Пандеј, чиј сопруг бил на работа во хидроцентралата кога надојдоа поплавите.

    Поплавите предизвикаа сериозни оштетувања и на енергетската инфраструктура. Според властите, најмалку 11 хидроенергетски проекти се погодени, што претставува голем удар за земјата која значителен дел од електричната енергија ја произведува токму од хидроцентрали.

    Роднините на исчезнатите бараат побрза и поинтензивна спасувачка операција.

    „Колку повеќе време минува, толку повеќе нашата надеж згаснува. Секоја секунда е драгоцена“, изјави Џибан Кадка, чиј член од семејството е меѓу заробените работници.

    Премиерот Шах истакна дека трагедијата е уште еден доказ за сè поголемите климатски ризици со кои се соочува хималајскиот регион.

    „Овој настан јасно покажува дека последиците од климатските промени стануваат сè поизразени и претставуваат сериозна закана за регионот“, порача непалскиот премиер.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.