Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Драматична борба со огнот кај Штип – хеликоптери и десетици пожарникари на терен
    Република

    Драматична борба со огнот кај Штип – хеликоптери и десетици пожарникари на терен

    01/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Силниот ветер дополнително го разгоре пожарот кај штипското село Селце, поради што противпожарните екипи се соочуваат со исклучително тешки услови на терен. Поради влошената состојба, во гаснењето се вклучени уште поголем број професионални и доброволни пожарникари, а поддршка пристигнува и од воздух.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека во овој момент најважна задача е заштитата на викенд-населбата во близина на пожарот, која во еден момент била директно загрозена од огнената стихија.

    „Пожарникарите со огромен напор и пожртвуваност успеаја да ја запрат линијата на огнот. Постоеше сериозна опасност пожарот да ги зафати викендиците, кои по број се повеќе од едно големо македонско село“, изјави Ангелов.

    Според него, ситуацијата засега е ставена под контрола, а на повеќе критични точки се распоредени доволен број пожарникари кои непрекинато работат на локализирање на огнот и спречување на неговото понатамошно ширење.

    Во акцијата за гаснење се ангажирани и хеликоптери, кои од воздух интервенираат на најтешко пристапните делови од теренот.

    Сепак, Ангелов предупредува дека опасноста сè уште не е целосно отстранета. Пожарот продолжува да се движи во правец кон планината Серта, подрачје кое и во минатото било често погодено од големи шумски пожари.

    „Засега имаме контрола, но силниот ветер може брзо да ја промени состојбата. Постојано ја следиме ситуацијата и сме подготвени да реагираме доколку огнот повторно се разгори“, истакна Ангелов.

    Надлежните апелираат граѓаните да не се движат во близина на пожариштето и да ги почитуваат упатствата на службите, додека противпожарните екипи продолжуваат со интензивната борба за целосно локализирање на огнот.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.