Полицијата приведе 19-годишник и 13-годишник по физичка пресметка меѓу две групи во Чаир, што се случила синоќа околу 22 часот.
Според МВР, приведениот 13-годишник со нож им нанел убодни рани на три лица на возраст од 13, 16 и 19 години.
Деветнаесетгодишникот и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, додека 16-годишникот е полесно повреден.
Полицијата одзела три ножа, пендрек и други предмети, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до
Обвинителството во Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
