Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»ФЗО исплати над 623 милиони денари за боледувања во август, најголем дел за породилни отсуства
    Република

    ФЗО исплати над 623 милиони денари за боледувања во август, најголем дел за породилни отсуства

    01/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на август годинава исплати 623.150.780 денари по основ на надоместок на плата за привремена спреченост за работа.

    Од вкупната сума, најголем дел – 414.050.780 денари, биле наменети за надоместоци за породилни отсуства, информираат од Фондот.

    Од ФЗО посочуваат дека станува збор за исклучително висока месечна реализација, која била постигната преку засилена обработка на предметите и внимателно планирање на расположливите средства, со цел исплатите кон осигурениците да се одвиваат редовно и без прекини.

    При обработката на барањата, како што наведуваат од институцијата, бил почитуван хронолошкиот редослед, односно приоритет им бил даден на осигурениците чии предмети биле поднесени во најстар период.

    „Со ваквата динамика, Фондот создаде услови надоместоците за боледување, а особено надоместоците за породилно отсуство, да се исплаќаат тековно и редовно“, соопштија од ФЗО.

    Посебен акцент бил ставен на исплатата на породилните надоместоци, согласно насоките на генералниот директор на Фондот, Златко Перински.

    Од ФЗО велат дека со ефикасно управување со средствата во август биле обезбедени повеќе од 414 милиони денари само за породилни надоместоци, без да се наруши редовното исполнување на останатите финансиски обврски кон осигурениците и здравствениот систем.

    Од Фондот најавуваат дека ваквиот начин на работа ќе продолжи и во следниот период, со цел да се обезбеди побрза обработка на барањата и навремена исплата на средствата.

    „Редовната исплата на боледувањата, со посебен фокус на породилните надоместоци, останува еден од приоритетите на раководството на Фондот. Зад овие бројки стојат осигуреници и семејства за кои навремената исплата значи сигурност во период кога им е најпотребна“, наведуваат од ФЗО.

    Од институцијата додаваат дека продолжуваат со унапредување на организацијата и ефикасноста во работењето, со цел пократко време на обработка на предметите и поголема сигурност за корисниците на здравственото осигурување.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.