Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Одбраната повторно ќе ги испрашува градежните вештаци
    Република

    Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Одбраната повторно ќе ги испрашува градежните вештаци

    01/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во судницата во КПУ „Идризово“, каде се одржуваат рочиштата на Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Постапката се наоѓа во доказна фаза, а на денешното рочиште е предвидено да продолжи вкрстеното испрашување на тимот градежни вештаци од страна на одбраната. Станува збор за експертите кои го изработија градежното вештачење по налог на Обвинителството.

    На претходното рочиште, тимот вештаци, предводен од професорот на Градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски, повеќе од четири часа одговараше на прашањата на одбраната на обвинетите, меѓу кои сопственикот на објектот Гроздан Милковски, како и поранешните општински градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев.

    Во текот на распитот беа отворени повеќе прашања поврзани со пренамената на објектот во угостителски објект, неговата усогласеност со Деталниот урбанистички план, извршените градежни интервенции, постапките за добивање лиценци, обврските за стручен надзор, како и законските надлежности на градежните инспектори.

    Според најавите, со завршувањето на сослушувањето на градежните вештаци ќе заврши и изведувањето на доказите предложени од Обвинителството. Потоа се очекува одбраната да започне со презентирање на своите докази.

    Судската постапка ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на музичката група ДНК. Во несреќата животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, што ја прави една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.