Дваесет и осумгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на општинскиот пат меѓу селата Огњанци и Петровец.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 20:00 часот во СВР Скопје.
Во пешакот М.Т. (28) од селото Р’жаничино, општина Петровец, удрило патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (52) од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната незгода.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
