Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Трагедија во Атина: Мртво бебе пронајдено во куфер во стан, истрагата открива вознемирувачки детали
    Свет

    Трагедија во Атина: Мртво бебе пронајдено во куфер во стан, истрагата открива вознемирувачки детали

    31/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Мртво бебе, за кое првично се проценува дека било на возраст од осум до девет месеци, било пронајдено во стан во атинската населба Кипсели, скриено во сад кој бил ставен во куфер. Случајот го истражува грчката полиција, а обдукцијата покажала дека бебето починало како последица на тешки повреди нанесени со остар предмет.

    Телото било пронајдено доцна синоќа во стан за краткорочно изнајмување, откако сопственикот ја известил полицијата дека станарите не ја платиле киријата и дека постои сомнеж за користење дрога.

    При полицискиот претрес, во еден од куферите бил пронајден сад со телото на бебето.

    Во станот престојувале шест лица – Грк, Германка, 26-годишен Авганистанец и три малолетни деца: бремена 15-годишна девојка и две момчиња на девет и 12 години.

    Според грчките медиуми, Германката пред полицајците изјавила дека бебето било нејзино и дека починало пред неколку месеци. Авганистанецот, пак, рекол дека е партнер на 15-годишното девојче.

    Обдукцијата покажала дека бебето имало повеќекратни повреди и дека смртта настапила како последица на нив. Поради состојбата во која било пронајдено телото, засега не може прецизно да се утврдат ниту возраста на бебето, ниту точниот период кога настапила смртта.

    Тројцата возрасни биле приведени поради сомнежи поврзани со поседување и употреба на дрога, додека полицијата и обвинителството продолжуваат да ги истражуваат сите околности поврзани со смртта на бебето.

    Трите деца, по наредба на јавен обвинител, биле пренесени во детска болница. Грчките медиуми објавија и дека кај две од децата биле откриени сексуално преносливи инфекции.

    Претседателот на Грчката федерација на вработените во јавните болници, Михаилис Јанакос, изјавил дека децата се наоѓаат во лоша физичка и психичка состојба и дека постојат сомнежи дека можеби биле жртви на сексуална злоупотреба. Овие наводи допрва треба да бидат потврдени од надлежните институции.

    Истрагата треба да утврди кому му припаѓало бебето, кога и како настапила смртта, какви биле односите меѓу лицата кои престојувале во станот, како и дали малолетните деца биле изложени на злоупотреба или друга форма на насилство.

    Полицијата врши дополнителни проверки и во друг стан во кој дел од лицата престојувале претходно. Сите околности на случајот сè уште се предмет на истрага.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.