Во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ се случил трагичен настан во кој животот го загубил затвореник.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во СВР Скопје било пријавено дека во внатрешното шеталиште на установата, Н.И. (42) од село Тебреште се качил на бандера и дошол во контакт со жица која била под електричен напон.
По инцидентот, лицето паднало, а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил настанот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
