Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Пожарот на Пелистер и понатаму најтежок за гасење, повреден возач на булдожер
    Република

    Пожарот на Пелистер и понатаму најтежок за гасење, повреден возач на булдожер

    30/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пожарот што избувна од преспанската страна на Пелистер и се движи кон Националниот парк „Пелистер“ и понатаму претставува најтежок и најкомплексен пожар за гасење во земјава, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

    Во гаснењето на огнената стихија се вклучени копнени сили, механизација, ер-трактори на ДЗС, како и армиски хеликоптер. Во текот на утрото хеликоптерот успешно интервенирал на неколку критични точки со прецизно исфрлање вода, но поради високите температури повторно се активирале делови од пожарот, при што чад се појавил на повеќе локации.

    На терен се ангажирани пожарникари од Битола и Ресен, огнени тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, доброволни пожарникари, како и голем број лица со механизација.

    Со помош на булдожери е направена противпожарна пресека над боровата шума, со цел да се запре натамошното ширење на огнената линија и да се заштитат загрозените подрачја.

    Ангелов информираше и за повредено лице ангажирано во интервенцијата, појаснувајќи дека не станува збор за пожарникар, туку за возач на булдожер.

    „Возачот при скок од булдожерот ги повредил ребрата. Според информациите, најверојатно станува збор за напукнати ребра, но нема скршени ребра. Тој е згрижен во болница и се чувствува добро“, изјави Ангелов.

    Тој нагласи дека станува збор за недоразбирање во дел од информациите што се појавија во јавноста и категорично демантираше дека во гаснењето на пожарот има повредени пожарникари.

    Пожарот на Пелистер останува под постојан надзор, а екипите продолжуваат со борбата против огнената стихија.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.