Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Двајца повредени додека го гаснеле пожарот кај Макази
    Хроника

    Двајца повредени додека го гаснеле пожарот кај Макази

    30/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пожарот што избувна во атарот на ресенското село Макази и се прошири кон Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола по повеќечасовна координирана акција на повеќе служби. Во интервенцијата се повредени двајца припадници на екипите кои учествувале во гаснењето, но нивната здравствена состојба е стабилна.

    Според директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, пожарот избувнал во попладневните часови на 29 август во близина на овоштарници со јаболка кај селото Макази, а поради силниот ветер брзо се проширил кон Претор и планинскиот масив.

    Огнот истовремено се појавил на повеќе локации, создавајќи долга огнена линија која навлегла на територијата на Националниот парк „Пелистер“, зафаќајќи го просторот меѓу подножјето на врвот Вртушка и Мала Чука.

    Во текот на ноќта и денеска, благодарение на координираната интервенција, пожарот бил локализиран, но дежурните екипи остануваат на терен поради опасноста од повторно активирање.

    Во гаснењето учествуваа екипи на Националниот парк „Пелистер“, Територијалните противпожарни единици од Битола и Ресен, огнен тим на Дирекцијата за заштита и спасување, како и јавни претпријатија и приватни компании од Битола со механизација и човечки ресурси, организирани од Општина Битола.

    Поддршка беше обезбедена и од воздух, каде што интервенираа двата ер-трактори.

    „Опасноста од повторно активирање и ширење на пожарот и понатаму е голема и во најголема мера ќе зависи од временските услови“, изјави директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.