Денеска Македонија ќе биде под влијание на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер, претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 15 до 24 степени, додека дневните ќе достигнат од 32 до 39 степени, што повторно ќе ја вброи земјава меѓу најтоплите во регионот.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 22 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Од УХМР најавуваат дека и за време на викендот претпладне ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови повторно ќе има услови за локална нестабилност.
На одделни места атмосферските процеси може да преминат во невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, интензивни грмежи и услови за појава на град.
Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни доколку престојуваат на отворено во попладневните часови и редовно да ги следат најновите временски информации.
