Женска пресметка се случила во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар, при што 44-годишна скопјанка била физички нападната од друго женско лице.
Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје од страна на Ј.П. (44), која навела дека инцидентот се случил на 25 август, околу 17:10 часот, додека се возела во автобус на ЈСП.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините што довеле до физичката пресметка, ниту за околностите под кои се случил нападот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на идентитетот на жената која го извршила нападот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
