Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»По повеќе од 13 часа изгаснат големиот пожар кај Градско
    Република

    По повеќе од 13 часа изгаснат големиот пожар кај Градско

    26/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Големиот пожар што вчера повеќе од 13 часа беснееше на подрачјето меѓу селата Долно и Горно Чичево во Општина Градско, доцна синоќа околу 22:20 часот беше целосно локализиран и изгаснат.

    Во гаснењето учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои им се приклучија пожарникари од Кавадарци и Неготино, пет доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување, како и четири огнени тима со специјализирани возила „пинцгауер“. Голема поддршка од воздух дадоа и три „ер трактори“ на ДЗС и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

    Благодарение на брзата и координирана интервенција, огнената стихија беше запрена пред да стигне до куќите во двете села. Воедно, спасени беа лозовите насади и овоштарниците во атарот на селата, кои беа сериозно загрозени од пожарот.

    Огнот избувнал вчера околу 09:00 часот во близина на селото Долно Чичево, а поради силниот ветер и сувата вегетација брзо се проширил кон Горно Чичево и околните ридови, формирајќи огнена линија долга околу десет километри.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, јавно му оддаде признание на командирот на ТППЕ Велес, Димче Јованов, оценувајќи го како вистински херој за начинот на кој ја координирал акцијата.

    Командирот Јованов информираше дека станувало збор за исклучително тежок и непристапен терен, но благодарение на заедничката акција на сите ангажирани служби пожарот бил целосно изгаснат околу 22:20 часот, кога било догасено и последното жариште.

    Тој најави дека и денеска екипа на ТППЕ Велес повторно ќе излезе на терен за да изврши дополнителна контрола и да се увери дека нема опасност од повторно активирање на пожарот.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.