Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со вкрстени прашања од одбраната за градежните вештаци, кои учествувале во изработката на градежното вештачење на
Судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски на серијата прашања од одбраната за причините за пожарот и одговорноста за негово настанување и ширење, рече дека “брзото ширење на пожарот е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба“, и додаде дека нивното „вештачење не се занимава со причините за настанување на пожарот”.
Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што, треба да почне со изведување на докази одбраната.
