Интервентната полиција вчера во скопското село Морани прведоа 20-годишно лице од Студеничани, барано со судска одлука за издржување затворска казна од две години.
Полицијата соопшти дека тој претходно со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела „Тешки дела против општата сигурност“ и „Предизвикување општа опасност“. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
