Денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време, додека во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси може да прераснат во невреме со силен ветер и појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе достигне до 38 степени.
Според прогнозите, до крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време, со умерена облачност во текот на денот и можност за локална нестабилност во попладневните часови.
