Необичен грабеж се случил во белградска населба, каде што засега непознат крадец провалил во приватна куќа и однел сеф со околу 400.000 евра во готово и голема количина златен накит.
Сопственикот на 21 август се вратил во домот, ја затекнал вратата провалена и веднаш ја известил полицијата.
Според првичните информации, се претпоставува дека грабежот бил добро испланиран и дека крадецот знаел дека сопственикот неколку дена нема да биде дома, како и каде се наоѓа сефот.
Полицијата извршила увид и прибира траги кои би можеле да помогнат во идентификувањето на сторителот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
