Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Палење гуми предизвика голем шумски пожар кај делчевското село Бигла
    Хроника

    Палење гуми предизвика голем шумски пожар кај делчевското село Бигла

    23/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Голем шумски пожар избувна денеска во близина на делчевското село Бигла, откако жител палел гуми во својот двор, но изгубил контрола врз огнот, кој се проширил кон блиската борова шума. Информацијата ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

    Според Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи противпожарни сили од Делчево, а била побарана помош и од противпожарните единици од соседните општини.

    На терен се испратени и трите противпожарни авиони „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

    „Неодговорно лице палело гуми во својот двор во селото Бигла. Притоа ја изгубило контролата врз огнот, кој се проширил во блиската борова шума. Во моментов има голем шумски пожар, а се преземаат сите мерки за негово локализирање“, изјави Ангелов.

    Општина Делчево, како што информираше, ангажирала и тешка механизација, трактори и булдожери за изработка на противпожарни пресеци со цел да се спречи ширењето на пожарот кон куќите во селото.

    Во обидите да го локализираат пожарот, лицето кое го предизвикало огнот, еден пожарникар и припадник на општинските служби вдишале поголема количина чад. Тие превентивно биле пренесени на лекарски преглед.

    Ангелов најави дека лично се упатува кон местото на пожарот и дека дополнителни информации ќе бидат соопштени во текот на денот.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.