Вооружен разбојник ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Разбојништвото било пријавено ноќеска во 00:36 часот во СВР Скопје.
Според пријавата, машко лице, заканувајќи се со пиштол, од вработената одзело пари од дневниот промет на обложувалницата, по што избегало од местото на настанот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
