Вкупно 149 лица останаа заробени на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако силно невреме го уништи патот што води до туристичката маршрута.
Според локалните власти, меѓу заглавените има 117 туристи, кои ќе бидат евакуирани со хеликоптери. Останатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на местото.
Планирано е туристите и нивните водичи со хеликоптери да бидат пренесени до селото Есо, од каде со автобуси ќе продолжат кон Петропавловск-Камчатски.
Поради уништениот пат, групата не можела да го напушти туристичкиот дел од вулканот по копнен пат, што ја наметнало потребата од воздушна евакуација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
