Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Јапонија, најмалку 37 повредени
    Свет

    Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Јапонија, најмалку 37 повредени

    23/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени рано утрово го погоди источниот дел на Јапонија, а силно се почувствува и во Токио. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно, додека властите соопштија дека нема опасност од цунами.

    Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени магнитудата на 5,8 степени.

    Најмногу повредени има во Токио – 15 лица, девет во Саитама, осум во Канагава, четири во Чиба и едно лице во Ибараки. Повеќето од нив паднале од кревет или се удриле во мебел и врати, бидејќи земјотресот ги разбудил додека спиеле.

    Во Јокохама, жена во осумдесеттите години паднала од кревет и се здобила со тешка повреда на колкот.

    Потресот предизвикал доцнења во железничкиот сообраќај во регионот на Токио, додека шинкансен возовите продолжиле да сообраќаат без прекин.

    Во токиската населба Кото пукнала подземна водоводна цевка, по што вода се излеала на улицата. Дефектот подоцна бил саниран.

    Јапонската влада формираше кризен штаб за проценка на последиците, а метеоролошката агенција ги предупреди граѓаните да бидат внимателни поради можноста од нов умерен земјотрес во текот на следната недела.

    Надлежните соопштија дека нема пријавени проблеми во нуклеарните централи и другите постројки со нуклеарни материјали.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.